Хорор приказна: По силувањето ползев три дена

Фото: Профимедиа

Ана Џонс имала само 16 години кога влегла во тоалетот на мајка си за да и каже дека си оди. Мајка и врескала по неа – „не можеш да одиш, ќе викнам полиција“. „А, што ќе им кажеш, дека ме одвел мојот маж“? Возвратила Ана. Неколку дена претходно мајка и ја испратила до градската сала за да и даде дозвола на својата ќерка да се омажи за триесетгодишниот Тим.

Сепак, нивниот одговор бил дека Ана ќе живее со мајка си додека ја заврши првата година од средното училиште, а дека кај Тим ќе се пресели следното лето.

Но, штом се ожениле, нејзината мајка веќе не можела многу да помогне.

– Таа се потпишала, тој се потпишал. Јас дури не морав ништо да потпишам – изјавила Ана, која денеска има 32 години.

Таа го запознала Тим кој бил медицински техничар кога ќе лечела во клиниката за ментално здравје во единицата за малолетници. Нејзиното детство било тешко од самиот почеток, мајка и останала бремена во 45 година. Нејзиниот татко бил секогаш на пат бидејќи бил возач на камион. Кога на 12 години дознала дека татко и има рак на градите, морала брзо да порасне.

– Му готвев, го пресоблекував, го перев. Беше голем товар за мене на тие години, а тоа ми создаде голем анимозитет кон мајка ми – сведочи Ана.

Татко и почина кога имала 13 години, а веднаш по тоа мајка и решила да се пресели. Ана морала да запознава нови пријатели и промена на училиште.

– Бев постојано вознемирена, непрекинато викав, а мајка ми не знаеше што да направи со мене, па ме пријави во клиника – се присетува Ана.

Во клиниката Ана била примерен пациент, таа била девојка на која и недостигало само малку внимание и мир. Таму го запознала Тим кој уште не почетокот започнал да флертува со неа на необичен начин. И испраќал пораки од типот: „Каде би сакала да одиш, јас ќе те однесам, а подоцна имало и пораки со содржина: „Мислам дека мојот живот нема да има смисла кога ти ќе си одиш од тука“.

Првиот ден кога дојде дома, веднаш виде пропуштен повик од клиниката. Тоа бил Тим. Нивниот однос се развил по со телефонски разговори кои резултирале со викенд-посети. На Ана на почетокот и се допаѓал Тим, но на оној детски начин, бидејќи таа добивала внимание од него. Тој нивниот однос го нарекувал „посебен и поинаков“, а мајка и некако успела да го прифати Тим. Со оглед на тоа дека Ана била фокусирана на училиштето, мајка и ја оставила Ана да ужива во детската слобода.

Кога Тим ја прашал дали ќе им дозволи брак четири месеци пред Ана да наполни 16 години, таа веднаш прифатила. А, иако се договориле дека таа ќе остане да живее дома некое време, тој имал поинакви планови. Ги собрал нејзините работи одма што се венчале и веќе следното утро таа и кажала на мајка и дека си оди. Во САД како и во повеќето земји во светот, забранет е брак на лица под 18 години, но една дупка во законот, односно со дозвола на родителите може да се случи.

Неспособна да се образува, таа се вработила за минимална плата, додека нејзиниот сопруг Тим дал отказ и времето го поминувал во пиење алкохол. Имал постојано љубоморни испади, глумел дека ќе ја убие и се заканувал. Кога наполнила 18 години таа веќе била бремена. Тим тогаш ја однел во стриптиз клуб и се почастил со танц во скут со пари на Ана. Тој бил постојано насилен, паднале и првите шлаканици и тупаници. Ана побарала развод, а тој и кажал дека ќе и даде само под услов да има тој старателство над нивното дете. Ана прифатила и поради таа одлука жали денеска. По разводот таа завршила студии, а во исто време и работејќи. Со текот на времето нивниот односот помеѓу неа и ќерката се поправил, а Ана цврсто одлучила дека нема никогаш да се мажи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот