Хорор на Хаити: Двајца новинари запалени живи од насилните банди

Хаити / Фото: EPA-EFE/JEAN MARC HERVE ABELARD

Двајца новинари од Хаити биле запалени живи од банда во главниот град на земјата, изјави за Си-Ен-Ен извор од безбедносните сили на Хаити. Изворот вели дека бандата Ти Макак извршила убиства во областа Петион-Вил во Порт-о-Пренс. Мотивот и деталите за нападот остануваат нејасни, рече тој. Трет новинар успеал да побегне, додал изворот.

Медиумската куќа на Хаити, Радио Ект ФМ, потврди дека еден од нејзините новинари, Џон Весли Амади, бил убиен во нападот додека бил на мисија да го документира недостатокот на безбедност во областа. Во изјава за Си-Ен-Ен во четвртокот, медиумската куќа соопшти дека Амади била „дивјачки застрелан и жив запален од вооружени разбојници“.

„Најостро го осудуваме овој криминален и варварски чин“, соопшти Радио Екут ФМ, нарекувајќи го „сериозен напад врз правото на живот“. Радио Екут ФМ ја прекина работата до дополнително известување „во знак на солидарност со семејството на жртвата“, се вели во соопштението.

Нападите доаѓаат во услови на екстремно насилство и влошени безбедносни услови во Порт-о-Пренс, со ривалски групи кои се борат меѓусебно или со полицијата кој да има контрола над улиците, како и раселените десетици илјади луѓе во една од најсиромашните нации во Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот