ХОРОР НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ САД И МЕКСИКО: Почина двегодишно дете

По преминување на американско-мексиканската граница и задржување од страна на граничната патрола на САД,двегодишно дете дојдено од Гватемала го загуби животот.

Како што јавија некои американски медиуми, се работи за четвртиот малолетник кој од декември починал откако бил задржан од гранична патрола.

Конзулот на Гватемала во Дел Рио, Теканди Паниагва, објасни дека детето и неговите родители на почетокот на април влегле во градот Ел Пасо на границата на САД со Тексас.

Тој наведе дека детето било однесено во болница, каде поради дијагностицирано запаление на белите дробови останало еден месец, но починало во вторникот.

Заштитниците на правата на мигрантите долго време го поставуваат прашањето за способноста на граничните патроли да се грижат за илјадници приведени деца и нивните родители, потсетуваат американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот