Хорор на Филипинитe: Четиригодишно дете пронајдено мртво во машина за перење, вујкото-тинејџер го мачел, па го убил

Исчезнато четиригодишно момче било пронајдено мртво во машина за перење, убиено од неговиот вујко, кој наводно претходно и го мачел, јавија локалните медиуми.
Семејството на детето поднело пријава за исчезнати, по што следела потрага која завршила кај вујкото-монструм по им Сутганг, чијашто спална соба, според истражителите, била украсена со нацистички симболи.

Детето си играло со своите роднини во нивниот дом во Манила, Филипини, кога исчезнало во петокот попладне. На 15-годишниот вујко на детето, Патрик Суганг, му го довериле внукот на чување, но тој негирал дека знае каде се наоѓало.

Два дена подоцна, мајката на Сутганг почувствувала непријатна миризба од собата на тинејџерот и открила дека тој доаѓа од машина за перење која не се користела, покриена со партали и книги. Жената се згрозила кога ја отворила вратата од машина за перење во домот која не се користела.
Сутганг потоа бил испрашан од полицијата и обвинет за убиство според Законот за злоупотреба и експлоатација на деца, а во случајо се вклучиле и службите за социјална работа.
Тинејџерот-монструм наводно испратил и фотографии од грозоморниот чин во групен разговор на интернет, а на дел од нив, според извори во истрагата кои ги цитираат филипинските медиуми, се гледа онесвестеното дете во корито.
Медиумите јавуваат дека вујкото на убиеното момче бил обожавател на серискиот убиец Џефри Дамер и сексуален престапник од САД, кој убил и распарчил седумнаесет луѓе меѓу 1978 и 1991 година.