Хорор на фарма со лавови: Таткото ја приближил ќерка си до кафезот, а лавот го искористил моментот

Четиригодишно девојче завршило во кома по бруталниот напад на лавица во Јужноафриканската Република.

Дина Мариде Бер со своето семејство ја посетила фармата за лавови „Велтевреде“, а нападот се случил додека таа била во рацете на татко ѝ.

Се претпоставува дека токму таткото е одговорен за нападот, бидејќи со девојчето во раце одел преблизу до кафезот. Лавицата го искористила моментот на невнимание, замавнала со шепата низ дупката на кафезот и моментално го скалпирала несреќното девојче.

Таткото се извлекол со полесни повреди, но на малата Дина лавицата ѝ го откорнала скалпот и ѝ го пробила черепот, пишува Индепендент.

По инцидентот девојчето е пренесено во болница во градот Албертон, каде што лекарите ја ставиле во индуцирана кома.

По несреќата фармата „Велтевреде“ повторно на Фејсбук објавила предупредување за посетителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот