Хорор на детски роденден во Мериленд, поради бурата падна дрво врз гаража, повредени 19 лица (ВИДЕО)

Кога бурата започнала да се засилува, луѓето влегле во гаражата да побараат засолниште и тогаш дрвото паднало врз објектот, истакна Дејвис. 

Најмалку 19 лица се повредени и хоспитализирани кога големо дрво паднало врз една гаража во Мериленд, каде луѓето кои присуствувале на прослава на детски роденден побарале засолниште од бурата.

Рас Дејвис, портпарол на пожарникарската служба на округот Ен Ерандел, изјави дека вчера попладне едно лице е повредени и се наоѓа во критична состојба, а пет други лица се во тешка состојба, но ниту еден од нив не е во животна опасност.

Што се однесува до останатите, тие се здобиле со полесни повреди. Меѓу луѓето кои биле во гаражата се наоѓале 17 возрасни и две деца.

– Тие се собрале за да присуствуваат на детски роденден. Кога бурата започнала да се засилува, луѓето влегле во гаражата да побараат засолниште и тогаш дрвото паднало врз објектот, истакна Дејвис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот