ХОРОР НА БАХАМИТЕ: Три ајкули растргнале девојка (ВИДЕО) - Слободен печат
ВестиПланета

ХОРОР НА БАХАМИТЕ: Три ајкули растргнале девојка (ВИДЕО)

Официјални лица велат дека била искасана по целото тело и дека ѝ била откината десната рака.

Џордан Линдзи (21) од Калифорнија, која нуркала со своето семејство, ја нападнале три ајкули по што таа починала, објави полицијата од Бахамите, каде што се случи овој трагичен настан.

Нејзините родители и други членови на семејството ги забележале ајкулите и викале за да ја предупредат, но таа не ги слушнала навреме.

Официјални лица велат дека била искасана по целото тело и дека ѝ била откината десната рака.

Џордан биле прогласена за мртва во болницата.

Министерството за туризам на Бахамите му изрази најдлабоко сочувство на нејзиното семејство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close