ХОРОР КОЈ ГО ПОТРЕСЕ ФУДБАЛОТ: Претседателот на ФФ Хаити со години сексуално ги злоставувал фудбалерките
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Хаити, Ив Жан-Барт е обвинет за силување на фудбалерки во тренинг кампот на Хаити, пишува „Гардијан“.
Жан-Барт кој од 2000. година е претседател на фудбалската федерација на Хаити, дури пет години сексуално ги вознемирувал фудбалерките, пред тие конечно да ги прекинат молчењето.
За скандалот да биде поголем, Жан-Барт имал„посебна девојка“ која за него вршела притисок на девојките да имаат сексуален однос со претседателот.
– Во тренинг кампот на фудбалската федерација постои жена која врши притисок на девојките да спијат со него. Даду (прекарот на Ивен Жан-Барт) ќе се дојдеше во тренинг кампот и ги снимаше своите жртви. Ќе избереше некја девојка и ќе ја пратеше „својата девојка“ да и каже дека ќе биде исфрлена од тренинг кампот. Потоа, нормално, девојката добива совет да разговара со Даду и дека тоа е единственит начин да остане во тренинг кампот. Од тој момент започнуваше злоставувањето – раскажува за „Гардијан“ фудбалерка на Хаити која сакаше да остане анонимна.
Според изворите на „Гардијан“ неколку фудбалерки биле злоставувани, вклучувајќи и некои потоа морале да абортираат.
– На едно од девојките беше вршен огромен притисок за да не зборува јавно за ова. Покрај тоа, една од најдобрите млади фудбалерки на Хаити во 2018 година ја загуби невиноста со Даду на 17 години. Покрај тоа и забремени, па мораше да абортира. И го уништи целиот живот. Сите фудбалерки живеат и тренираат во центар на ФИФА, тоа што се случува е голем срам, бидејќи тие сакаат да играат за својата држава, но доколку прозборат ќе бидат исфрлени. Тој човек мора да одговара – открива изворот за „Гардијан“.
Очекувано, Ив Жан-Барт, ги негираше написите.
– Никогаш не сум правел такви работи, посебно не во тренинг центарот на ФФ на Хаити. Доколку се случувале такви работи ги охрабрувам сите жртви да поднесат жалби во федерацијата и на судските власти во Хаити. Ние како фудбалска федерација ќе им помогнеме – изјави Жан-Барт.
Обвиненијата се неизбежни за Жан-Барт, а „Њујорк пост“ тврди дека ФФ на Хаити се наоѓа под лупа на ФИФА поради начинот на кој се потрошени шест милиони долари за изградба на тренинг центарот.
– Последниот пат кога стапнав во тренинг кампот ми се повраќаше. Сè се распаѓа. По десетина млади спијат во една соба, немаат чиста постелнина, а немаат ниту стандардни тоалети. Каде отидоа парите? – изјави еден од тренерите кои работеле во тренинг кампот на федерацијата.