Хорор кај Димитровград! По расправија, мигрант бил избоден 20 пати во белите дробови и стомакот!

Српска полиција/ Фото: МИА

Мигрант утрово бил избоден со нож покрај автопатот во околината на Димитровград. Во полицијата во Пирот, „Блиц“ потврди дека мигрантот се здобил со убодни рани во утринските часови во пресметката кај автопатот кај Димитровград и дека со повреди бил примен во Пиротската болница, но дека се уште официјално не можат да соопштат до каде неговите повреди и другите околности на случајот.

-Не се знае од која земја е странскиот државјанин, колку години има и каков е неговиот статус на престој во Србија. Не се знае ни која била причината за тепачката во која бил повреден се уште не се знае, пишува Блиц.

Како што пишуваат пиротските медиуми, во тепачката мигрантот се здобил со 20 убодни рани, од кои три потешки.

Според неофицијални информации, тој се здобил со повреди на белите дробови и стомакот и се наоѓа на интензивна нега на болницата во Пирот, каде што е донесен со возило на Брза помош од Димитровград. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот