Хорнер: Ф1 треба да ги спаси тимовите од банкрот

фото: твитер

Девет стартови на календарот за оваа сезона се одложени или откажани, а се чини веројатно дека во 2020 година нема да има Формула 1..

Шефот на Ред Бул смета дека раководството во Формула 1 треба финансиски да им помогне на тимовите кои се изложени на ризик од банкрот заради кризата со коронавирус.

Девет стартови на календарот за оваа сезона се одложени или откажани, а се чини веројатно дека во 2020 година нема да има Формула 1, што ќе биде штетно за некои од тимовите во најпопуларната автомобилска трка.

Според Кристијан Хорнер, сопствениците на Ф1 – „Либерти Медиа”, ќе треба да се вмешаат за да ги поддржат клубовите.

– Ова може да биде огромен удар за спортот и „Либерти” ќе мора да интервенира. Тоа е нивниот бизнис, тие треба да решат како ќе ги спасат овие тимови затоа што им требаат тимови за да се натпреваруваат. Мислам дека „Либерти” ќе стори сé што е во нивни сили, за сите десет екипи да можат да се натпреваруваат следната година. За да ги заштитат своите бизниси, верувам дека ќе платат што е потребно за да се спасат овие тимови – се зборовите на Хорнер.

Во моментов, првиот старт на Формула 1, кој сè уште не е одложен, е француското Гран-при, што ќе се одржи на 28 јуни во близина на Марсеј. Откако претседателот на Франција, Емануел Макрон на почетокот на оваа недела објави дека карантинот во земјата е продолжен, се чини скоро сигурно дека оваа трка нема да се одржи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот