Хорхе Лоренцо се повлекува од Мото ГП

twitter/Moto GP

Трикратниот шампион во Мото ГП, Хорхе Лоренцо денеска објави дека по заврпување на трката во Валенсија заминува во пензија.

– Најважните денови за еден возач се кога ќе дебитира, кога ќе победи, кога ќе ја освои титулата и кога ќе се пензионира. Тука сум да објавам дека ова ќе ми биде последна трка и дека се повлекувам од професионалното тркање – изјави Лоренцо на специјалната прес конференција.

Лоренцо оваа сезона ја помина во редовите на Хонда, но поради повредите не можеше да го покаже сиот талент и зашто е трикратен шампион во кралската класа.
– Сите знаат дека сум голем перфекционист, токму поради тоа по девет години во Јамаха почувствував дека ми е потребна промена. Затоа преминав во Дукати. Кога дојдов во Хонда го исполнив сонот на повеќето возачи, но повредите влијаеја на моите резултати и неможам да бидам конкурентен. По падот во Асен, се вратив дома и се обидов да најдам мотивација. Сакам да возам, да се натпреварувам, но највеќе да победува, и сфатив дека тоа не е возможно – вели Лоренцо.

Лоренцо дебитираше во најсилната класа во Мото ГП шампионатот во 2008 година. Ги освои титулите светски првак во 2010, 2012 и 2015 година. Најубавите моменти во кариерата ги доживеа како возач на Јамаха кога и ги освои трите титули во најсилната класа, а возеше уште за Дукати и за Хонда. Во кариерата имаше 202 старта, 47 победи, 114 подиуми и 43 пол-позиции.

– Среќен сум бидејќи се тркав со неверојатни возачи. Не можам да го издвојам најдобриот момент во кариерата, но кога би морал да бирам, тогаш трката во Малезија 2010 година е на првото место. Таму ја освоив првата титула во кралската класа – вели Лоренцо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот