Хонгконг затвора десет од тринаесет граници со Кина

Таа рече дека затворањето на целата граница ќе биде „несоодветно и непрактично”, како и „дискриминаторско”, но не ја исклучи можноста за преземање натамошни мерки.

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам денеска најави затворање на 10 гранични премини од 13 со континентална Кина во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Лам веќе затвори некои гранични премини, вклучувајќи ги прекуграничните траекти и брзите возови.

Таа рече дека затворањето на целата граница ќе биде „несоодветно и непрактично”, како и „дискриминаторско”, но не ја исклучи можноста за преземање натамошни мерки.

Лам рече дека затворањето на границите нема никаква врска со заканата на медицинските работници со штрајк доколку Владата не ги затвори границите, туку дека тоа е само мерка за спречување на коронавирусот.

Исто така, рече дека земјата нема доволно заштитни маски и дека тој проблем не е можно да се реши во краток рок.

Лам ги повика жителите на Хонг Конг да бидат обединети во борбата против епидемијата на вирусот, од кој досега починаа 361 лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот