Хонгконг: Запалено знамето на Кина, полицијата со солзавец ги растерала демонстрантите

хонгконг
Принтскрин

Демонстрантите денеска го запалија кинеското знаме и полицијата употреби солзавец на новите протести во северозападните делови од Хонгконг.

На протестите излегле неколку илјади луѓе, а медиумите пренесуваат дека има и упасени.

Денешниот ден поминал без масовност, во однос на протестите кои во Хонгконг во текот на изминатите месеци се одржуваат секој викенд, пренесуваат дел од тамошните медиуми.

Протестите почнаа поради законот за екстрадиција што во меѓувреме беше прогласен за неважечки.

Сепак, демонстранциите прераснаа во антивладини протести, а демонстрантите составија нови барања меѓу кои и оставка на шефицата на владата, Кери Лам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот