Хонгконг предупредува за можен трет бран на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Властите во Хонгконг, кои успешно се бореа против пандемијата на коронарвирусот, сега предупредуваат за можен „експоненцијален раст” на нови случаи, како резултат на зголемувањето на локалниото пренесување.

Од неделата, Ковид 19 е дијагностициран кај 65 лица, вклучувајќи 31 локално пренесен случај што се нарекува „трет бран” на пандемијата во Хонгконг.

Инфицирани се таксисти, работници во ресторани, медицински лица и лица во домови за нега на стари лица, јави Си-Ен-Ен.

– Можно е да се работи за голема епидемија. Можно е ненадејно експоненцијално зголемување на бројот на заболени, изјави д-р Чуанг Шук-кван од Центарот за здравствена заштита.

Во Хонгконг регистрирани се 1.324 случаи на заболени од почетокот на епидемијата, а само седум лица починаа.

Причината за таквиот успех на градот во сузбивањето на Ковид-19 е воведување на карантин за луѓе кои доаѓаа од странство, ефикасно следење на контакти, подготвеност на граѓаните да носат заштитни маски, да ги почитуваат мерките за хигиена и социјалната дистанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот