Хонгконг: Пратениците од опозицијата исфрлени од парламентот

Фото: Принтскрин/BBC

Втор ден по ред, лидерката на Хонгконг Кери Лам се соочи со проблеми при обидите да се обрати пред парламентот поради силните реакции на опозицијата. Откако гласно реагираа и истакнаа пароли, 11 членови на опозицијата беа отстранети од салата од обезбедување, објави Би-Би-Си.

Претходно, лидерката Лам беше принудена да го суспендира нејзиното годишно обраќање откако на сличен начин беше прекинувана од опозицијата. Затоа, таа вчера своето обраќање го одржа преку видео врска.

Во Хонгконг се одржуваат масовни анти-владини протести, предизвикани од контроверзен закон за екстрадиција во Кина. Опозицијата има мало малцинство во парламентот на поранешната британска колонија, но успеваа повеќе пати да го прекинат говорот на лидерката.

Дел од исфрлените пратеници држеа бело цвеќе во знак на солидарност со луѓето кои беа повредени во демонстрациите. Дел од пратениците, кои принудно беа исфрлени од парламентот гласно бараа оставка од Кери Лам.

Фото: Принтскрин/Global News

Од почнувањето на протестите, демонстрантите ги зголемија своите барања и освен повлекувањето на законот, тие имаат и други барања.

Освен повлекувањето на Законот за екстрадиција, тие бараат протестите да не бидат карактеризирани како „немири“, амнестија за уапсените активисти, независна истрага за наводната полициска бруталност и имплементација на целосно универзално право на глас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот