Хонгконг на околу седум милиони жители ќе им подели по 1.280 долари во готово

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Хонгконг на своите граѓани ќе им подели по 1.280 долари во готово за да се намалат последиците од економската криза, а мерката подразбира дека сите жители со престојувалиште во Хонгконг кои имаат најмалку 18 години ќе добијат таа сума на пари.

Околу седум милиони луѓе ќе имаат корист од оваа одлука.

Финансискиот секретар Пол Чен рече дека Хонгконг првпат ќе се соочи со дефицит во буџетот во последните 15 години, поради рецесијата која започна во третиот квартал на 2019 година.

Се очекува ситуацијата да се влоши, а Чен вели дека дефицитот за следната фискална година до март 2021 година ќе достигне рекордни околу 4,8 отсто од БДП-то на Хонгконг.

Додаде дека економијата на Хонгконг оваа година се соочува со големи предизвици, а дека работите не изгледаат ветувачки за следниот период.

За време на претставувањето на буџетот, Чен рече дека за моменталната состојба влијаеле протестите во Хонгконг, трговската војна на САД и Кина, како и успорувањето на глобалната економија.

Сега, како што наведе Чен, економијата исто така се соочува и со ширење на коронавирусот, кој ѝ задал тежок удар. И покрај вирусот, додаде дека економските темели на Хонгконг остануваат цврсти.

– Економијата на Хонгконг треба да се опорави по завршувањето на епидемијата – рече Чен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот