Хонгконг ќе беше смачкан да не бев јас, смета Трамп

Фото: ЕПА

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ја уверуваше американската јавност дека кинеската армија не се замешала во задушување на продемократските протести во Хонгконг само затоа што тој тоа го побарал од својот кинески колега Си Џингпин, пренесоа светските агенции.

-Без мене Хонгконг ќе беше смачкан за 14 минути. Тој (Си Џингпин) има еден милион војници на позиции околу Хонгконг и тие не отидоа во градот само затоа што јас тоа го побарав од него- рече Трамп во телефонско интервју за програмата „Foks and friends” на телевизијата Фокс њуз.

Американскиот претседател, исто така, во разговорот кажа  дека Вашингтон и Пекинг продолжуваат да преговараат за договорот со кој ќе се стави крај на трговската војна меѓу двете земји, што Трамп ја почна против Кина.
-Ќе направите сериозна грешка. Тоа ќе има страшно негативен ефект врз трговскиот  договор, му кажал Трамп на Си, доколку дал одобрение кинеската армија да интервенира во Хонгконг против демонстрантите
-Ние треба да го поддржиме Хонгконг, но јас, исто така го оддржувам и претседателот Си- додаде Трамп во денешното интервју за Фокс њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот