Хонгконг ги затвори сите училишта по пораст на новозаразени од коронавирусот

Фото: ЕПА

Бирото за образование на Хонгконг денеска објави прекин на работата на сите училишта од понеделник по пик на новозаразени со Ковид-19 што ги разгоре стравувањата за ширење.

Училиштата во азискиот финансиски центар во најголем дел се затворени од февруари, при што многумина се префрлија на учење преку интернет и лекции преку конференциски повик. Многу интернационални училишта веќе се на летна пауза.

Градот вчера пријави 42 нови случаи, од кои 34 се локално пренесени, што го одбележа вториот последователен ден на пораст на локално пренесени инфекции.

Во некои од неодамнешните случаи се вклучени студенти и родители, рече секретарот за образование, Кевин Јунг.

Вкупниот број случаи во Хонгконг од крајот на јануари сега изнесува 1.366 и седум смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот