Хонг Конг забрани филмови кои го нарушуваат имиџот на Кина

Кино сала во Кина/ Фото EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Парламентот на Хонг Конг усвои нов закон со кој се забранува прикажување филмови за кои се верува дека ги нарушуваат националните безбедносни интереси на Кина.  

Казната за прекршување на законот вклучува до три години затвор и парична казна од 130.000 долари.  

Критичарите веруваат дека овој нов закон ќе биде катастрофален за локалната филмска индустрија, пишува Би-Би-Си. 

„Ова ќе внесе страв во филмските кругови“ 

Законот за филмска цензура го одобри Законодавниот совет, кој немаше никакво противење. Според него, генералниот секретар, вториот најмоќен човек во градската администрација, има овластување да ја одземе лиценцата за филмот доколку се утврди дека „поддржува, промовира или поттикнува активности кои можат да ја загрозат националната безбедност“.  

Режисерот Киви Чау, чиј документарец „Револуцијата на нашето време“, кој ги опишува протестите во 2019-та година, беше прикажан на Канскиот филмски фестивал, изјави за Ројтерс дека законот „ќе ја влоши самоцензурата и ќе внесе страв во филмските кругови“. 

Видео на денот