Холт: Дури и ако Ѓоковиќ освои најмногу грен слемови – нема да го променам мислењето!

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

И покрај фактот дека се изедначи по бројот на грен слем титули со Рожер Федерер и Рафаел Надал, и дека е подобар од ривалите по сите најважни параметри, и натаму го „оспоруваат“ Новак Ѓоковиќ.

Српскиот ас се наоѓа многу веројатно во животна форма и се чини дека поместувањето на границите во светскиот тенис ќе потрае уште некое време.

Тоа очигледно не е доволно за новинарот на британскиот медиум „Дејли мејл“, Оливер Холт, да го прогласи за најдобар тенисер во историјата.

– Новак се израмни со Федерер и Рафа со по 20 грен слем титули во сингл минатата недела, и тоа дополнително ја разгоре дебатата за тоа кој е најголем од тројцата – напиша Холт во својата колумна, додавајќи:

„Дури и ако Ѓоковиќ освои повеќе титули – јас нема да го променам мислењето“.

Според него, Новак не е ниту во Топ 3 играчите на сите времиња.

– Големината на тенисерот и причината зошто го цениш ја надминуваат титулата. Мои Топ 3 тенисери се Рожер Федерер, Бјорн Борг и Гиљермо Вилаш – додаде Холт.

Во ерата на Новак Ѓоковиќ: Има ли нешто послатко?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот