Холштајн: Сакаме првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на германското претседателство со ЕУ

Фото: mia.mk

Целта ни е првата Меѓувладина конференција да се одржи во време на нашето претседателство со Советот на Европската Унија (ЕУ) и оптимисти сме дека тоа ќе се случи, порача денеска германската амбасадорка, Анке Холштајн.

– Јас неколку пати на оваа тема имам изјавувано дека став на Германија е билатералните прашања да се решаваат билетерално. Проширувањето на ЕУ сметам дека е во голем интерес и на Бугарија и затоа сум на мислење дека сигурно ќе се најде решение, вели Холштајн.

Бугарија, додава таа, отсекогаш била голем поддржувач на европеизацијата на регионот.

– Наша цел е таа конференција да се одржи уште во времето на нашето претседателство во Советот на ЕУ. И ние сме оптимистични и дека ќе се успее во тоа, истакна германската амбасадорка Холштајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот