Холовеј го израмни светскиот рекорд на 60 метри со пречки

Грент Холовеј го израмни сопствениот светски рекорд/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Американскиот спринтер Грент Холовеј го израмни сопствениот светскиот рекорд на 60 метри со пречки на Светското првенство во атлетика во сала што се одржува во Белград.

Холовеј во квалификациите трката на 60 метри со пречки ја истрча во време од 7.29 секунди со што го изрмани својот светски рекорд кој го постави минатата година.

Второто место во истата квалификациска група го освои Паскал Мартин Лагард од Шпанија со време од 7.53 секунди.

Ова е втор светски рекорд поставен денеска на СП во Белград, претходно тоа и успеа Венецуелката Јулимар Рохас во трискок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот