ХОЛОГРАМ на Витни Хјустон тргнува на турнеја, семејството вели дека „таа би го сакала тоа“! (ВИДЕО)

instagram

Осум години по смртта, Витни Хјустон „оди“ на турнеја. Семејството на покојната пејачка, потврди дека по повеќегодишни подготовки, холограмот кој ќе ги пее песните на Витни пред публиката ширум светот е целосно комплетиран. 

Холограмот тргнува на турнеја по Европа на 25 февруари, а најверојатно потоа ќе настапува и во Америка.

– Витни тоа би го сакала – соопшти нејзината снаа и поранешна менаџерка Пет Хјустон.

Шоуто ќе биде комплетирано со бенд во живо, повеќе придружни вокали и танчери, и секако холограм од пејачката кој ги „изведува“ нејзините најголеми хитови како што се „I will always love you“, „All the man that i need“, „I wanna dance with somebody“ и други.

Безживотното тело на пејачката беше пронајдено во хотелска соба од страна на персоналот, а Витни зад себе ја остави ќерката Кристина Браун, коjа на сличен и трагичен начин го напушти светот три години подоцна.

instagram

Холограмските турнеи или настапи на покојни ѕвезди во последните десетина години станаа многу значаен дел од музичкиот бизнис.

Еден од највпечатливите беше холограмот на Тупак Шакур, на сцената на фестивалот Коачела во 2012 година.

Погледнете како тоа изгледаше…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот