Холивудскиот заводник е новата ѕвезда во серијата „Riverdale“

Фото: Профимедиа

Актерот Крис Мејсон кој го познаваме од серијата „Pretty Little Liars: The Perfectionists“ од оваа сезона ќе има своја улога во серијата „Riverdale“, пренесоа американските медиуми.

Тој ќе биде Чад Геко, маж на Вероника (Камила Мендес). Тој е контролфрик и многу љубоморен. Работи на Волстрит и стравува дека животот на Вероника во „Riverdale“, а особено пријателството со Арчи, ќе го загрози.

Со Чад за првпат ќе се запознаеме во 4-та епизода, која ќе се емитува на 10 февруари, а тоа е воедно и првата епизода во која времето ќе биде „неколку години подоцна“.

Да се потсетиме, снимањето и емитувањето на серијата „Riverdale“ привремено беше прекинато поради пандемијата на коронавирусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Mason (@chrismason_1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот