Холивудски разводи кои ги следеше целата планета! (ФОТО)

ЕПА

Процесот на развод кој моментално со будно око го следи цела планета е „хорор“ приказната на Амбер Херд и Џони Деп. Толку скандали имаше што сега се се одвива во судница, а се продолжува со навреди преку медиумите, забраната за пристап… Изнесувањето валкани работи кога се во прашање холивудските парови, не е никаква новост. Кога бракот ќе пукне, воглавно „пука“ и срамот, па се случувало да интервенира и полиција. Тешко го поднесуваат сите страни, а не па ли децата на тие парови.

Џони Деп и Амбер Херд

ЕПА

Никој не очекуваше толку лош развод помеѓу Џони Деп и Амбер Херд. После обвинението дека фрлил по неа со телефон, започнаа да се редат обвинувања од двете страни, забрани за пристап, финансиски пресметки, кои привремено беа решени кога актерот исплати 7 милиони долари, а таа ги даде во добротворни цели.

Фрлањето со мобилен телефон не е најлошиот детаљ од овој развод. Обвиненијата се нижеа (и се уште се нижат) до недоглед, а едно од нив е воедно и најбизарното – тоа е дека Амбер поради „освета“ на тогашниот сопруг, извршила голема нужда сред заедничкиот брачен кревет затоа што актерот не се појавил на прославата на нејзиниот роденден.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Profimedia

Анџелина, Бред и нивните шест деца повеќе од деценија важеа за едно од најскладните и најсреќните холивудски семејства, па цел свет беше изненаден со веста за нивниот развод во октомври 2016 година.

Актерката побара целосно старателство над децата, поради наводно минатото насилничко однесување на Пит и користење наркотици, но дојде до привремен договор да двајцата добијат старателство над децата. До ден денес скоро секојдневно се шпекулира во медиумите за односот на Бред со неговите деца.

Набргу после разводот, Анџелина ја открила причината за истиот.

„Нашите кариери не исцрпуваат. Кога сте со некој кој е подеднакво зафатен како и вие, нема ништо смисла. Она малку време што го имате во текот на денот, морате да го искористите да се фокусирате на она што ви е вам важно. И понатака го сакам Бред, но повеќе не сум заљубена во него. Го сакам семејството кое го направивме. Бред секојдневно се труди се да е возможно“, раскажала во една прилика актерката.

Тајгер Вудс и Елин Нордегрен

ЕПА

Еден од најголемите холивудски скандали се одигра на Денот на благодарноста во 2009 година кога беа откриени многубројните афери на голферот Тајгер Вудс, поради кои неговата сопруга Елин Нордегрен буквално полудела. Таа го нападнала со палка за голф, а тој секако ги негираше наводите за неверството, а тој секако ги негирал наводите за неверството, но десетина жени признале дека биле во врска со славниот спортист и Елин после разводот добила 100 милиони долари.

Расел Бренд и Кети Пери

ПРОФИМЕДИА

Само година дена после венчавката во Индија, Расел Бренд поднесе барање за развод од Кети Пери во 2011 година. Меѓутоа, наводно за плановите околу разводот ја известил преку СМС порака. После завршувањето на бракот, комичарот често се шегуваше на сметка на поранешната сопруга, па дури и на нејзините навики во кревет, а ниту пејачката не му остана должна, па така откри дека Бренд има проблеми со контролата.

Џони Вир и Виктор Воронов

Еден од најбизарните разводи бил оној помеѓу професионалниот лизгач Џони Вир и неговиот сопруг Виктор Воронова, кои се расправале околу се, па дури и околу Феберже јајце. Се обвинувале еден со друг и изнесувале валкани работи еден за друг во јавноста, а Виктор поранешниот шампион го обвинил за обид за силување и пренесување херпес.

Ким Кардашијан и Крис Хампфрис

ЕПА

Маку кој веруваше дека Ким и Крис ќе останат заедно до крајот на животот, но никој не можеше да претпостави дека нивниот брак ќе трае вкупно 72 дена! Десет пати подолго ѝ требаше на ријалити ѕвездата да го натера кошаркарот да потпише документи за развод, бидејќи Крис бил убеден како Ким се омажила со него само поради рејтингот на шоуто.

Том Ли и Памела Андерсон

Турбулентната врска на Томи Ли и Памела Андерсон ги полнеше новинарските текстови во средината на 90-те години. Тие се венчале после само неколку дена познанство, но се смирувале и прекинувале безброј пати. Два пати официјално се венчале и развеле, а тапанарот одлежал 180 дена во затвор поради семејно насилство, додека Памела повеќе пати во јавноста истакнувала дека поранешниот сопруг ѝ пренел Хепатит Ц.

ИНСТАГРАМ

Последен пат се смириле во 2008 година, но ниту тоа не траело долго.

Том Круз и Никол Кидман 

ИНСТАГРАМ

Том Круз ги шокираше сите, а најмногу сопругата Никол Кидман кога само неколку дена по прославувањето 10-годишнина од брак, побара развод. Актерот тврдел дека нивниот брак завршил многу порано и тоа, како што многумина се сомневаа, само поради тоа да избегне да плати голема сума на пари на актерката. За работата да биде полоша, ѕвездата тогаш претрпела спонтан абортус, а Том дал бизарно соопштение во кое рекол: „Ник точно знае зошто се разведовме. Долго ми требаше болката да престане. Беше тоа шок за мојот систем“.

Пол Мекартни и Хедер Милс

ЕПА

Кога бракот на славниот музичар Пол Мекартни и Хедер Милс заврши во 2008 годиан, таа за нивните проблеми ја обвини ќерката на поранешниот сопруг – Стела Мекартни. Исто така, изјави дека Пол консумира марихуана, но и дека ја избодел и турнал додека била бремена. После сите обвиненија, од бракот со познатиот Битлс, таа излезе побогата за 48.6 милиони долари.

Чарли Шин и Денис Ричардс

ЕПА

Денис после бројните караници во 2005 година поднесе барање за развод од Шин додека беше бремена со нивната ќерка Лола. Актерката го обвини Чарли за насилен зависник од филмови за возрасни, а тој неа ја нарече „бедна, невработена свиња без талент“ и „злобна и лоша мајка“.

Мадона и Шон Пен

ИНСТАГРАМ

Разводот на Мадона и Шон Пен од далечната 1987 година се уште се раскажува во Холивуд. Откако поднела барање за развод, изнервиран од нејзината постапка, Пен пејачката ја врзал и тепал дури 9 часа повторувајќи ѝ притоа дека ја поседува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот