Холивудскиот продуцент обвинет за убиство на манекенката и архитектката, чии тела ги фрли пред болница

Фото: Инстаграм/Твитер

Холивудскиот продуцент Дејвид Пирс е обвинет за убиство за смртта на мексиканската архитектка Хилда Марсела Кабралес Арзола и американската манекенка Кристи Џајлс во ноември минатата година, пишува „Marca“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jericho Road Inc. (@jerichoroadinc)


Во декември 2021 година, полицијата во Лос Анџелес ги уапси холивудскиот продуцент и поранешен актер Дејвид Пирс, снимателот Мајкл Ансбах и Брант Озборн поради наводната поврзаност со смртта. Пирс е осомничен за убиство, додека Ансбах и Озборн се осомничени за соучесништво во убиство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by christy lee 🦋 (@christygilesx)


Џајлс, 24-годишна манекенка, била оставена на тротоарот пред болницата во Калвер Сити, Јужна Калифорнија на 13 ноември и почина кратко потоа. Два часа подоцна, нејзината 26-годишна пријателка Кабралес-Арзола била одведена и фрлена пред вратата на болницата Кајзер Вест Лос Анџелес. Таа починала на 24 ноември, девет дена подоцна. Во двата случаи, забележани се тројца мажи со маски како ги оставаат телата пред болницата и се оддалечуваат со возило без регистарски таблички.

Според зборовите на судскиот вештак, манекенката Кристи Џајлс починала од мешавина на кокаин, фентанил, гама-хидроксибутерна киселина и кетамин, додека Хилда Марсела Кабралес-Арзола починала од откажување на повеќе органи, а во нејзиниот организам е пронајден кокаин, метилендиоксиметамфетамин (екстази) и други неодредени дроги.


Гама-хидроксибутерна киселина е исто така позната како „дрога за силување на средба“, според американската Управата за сузбивање на дрога (ФДА).

 

Видео на денот