„Холивуд – преполн бордел, весело друштво подготвено да ве одвлече во кревет“: Се преправав дека уживам за да заврши побрзо

Profimedia

Му реков да застане и се обидов да го оттурнам. Бев преплашена, а тој огромен. Тоа беше ноќна мора. Не се согласив на тоа. Почнав да се преправам дека уживам само за да заврши што е можно побрзо. Денес се чувствувам погрешно затоа што не се потрудив да го оттурнам од мене“, изјави италијанската режисерка и актерка Азија Арџентно, една од многуте сведоци вмешани во неодамнешниот скандал што ја тресе американската забавна индустрија.

Азија Арџентно

По изјавата на Арџентино, многу познати актерки се кренаа против славниот продуцент и извршен директор на компанијата „Вајнстин“, Харви Вајнстин, отворено признавајќи дека сексуално ги изнудувал, па дури и ги уценувал за улогата.

Ме турна и ми нареди да замолчам. Ги соблече панталоните и гаќите и започна да мастурбира. Заврши брзо и ејакулираше во вазна со цвеќиња – призна новинарката на локалната телевизија во Њујорк, Лорен Сиван.

Лорен Сиван

Истовремено, актерката Ешли Џад откри дека неговото однесување е јавна тајна во Холивуд за која зборуваат жените со години.

Ешли Џад/Profimedia

Но, ова сигурно не е прв и тешко дека ќе биде последен случај на сексуално изнудување и уцена во шоу-бизнисот.

Во првиот познат случај, комичарот Роско „Фети“ Арбакл пошол на дива забава што завршила со смрт за актерката Вирџинија Рапе во 1921 година. Плачејќи од болка поради пукнат мочен меур, таа го обвини Арбакл за силување пред гостите. Кога починала неколку дена по инцидентот, Фети беше обвинет за убиство. Но, по три судења и последователни жалби – тој беше ослободен.

Роско „Фети“ Арбакл /Profimedia

Вештаците тврделе дека самиот сексуален чин, кој завршил со такви рани и смрт, сигурно бил резултат на силување, но тој се извлекол – пред сѐ поради неговите врски и углед.

Актерот Ерол Флин бил две години во љубовна врска со Беверли Адланд. Ја започнал врската во Адланд кога таа имала само 15 години. Во моментот на аферата, Флин веќе бил обвинет, но не бил прогласен за виновен, за два случаи на силување на малолетници во 1942 година.

Оливија де Хевиленд и Ерол Флин/Profimedia

Тој беше едноставно премногу силен за мене. Плачев. Во еден момент ми го скина фустанот. Потоа ме однесе во друга просторија и јас сè уште плачев. Постојано ми поминуваше низ главата „Што ќе каже мајка ми за ова“- изјави Адланд за почетокот на нивното познанство, признавајќи дека завршила во врска со Флин од страв.

Бев двапати на аудиција за Клеопатра и веројатно беше дека ќе ја добијам улогата. Шефот на студиото ме однесе во канцеларијата и ми рече „дали навистина ја сакате таа улога?“. Му реков дека ја сакам со сето свое срце, а тој тогаш ми нагласи дека треба да бидам „добра спрема него“ доколку ја сакам улогата. За време на 60-тите години, тоа беше стандарден еуфемизам за секс, но јас едноставно не можев да го сторам тоа. Со солзи истрчав од канцеларијата, а улогата ја доби Елизабет Тејлор – изјави Колинс.

Во своите мемоари „Детска sвезда“, славната актерка Ширли Темпл открива како пред неа познатиот МГМ продуцент познат по „авантуристичкиот кауч за кастинг“, на кој делел улоги засновани врз тоа дали сте ги спуштиле панталоните за орален, анален или класичен секс. Тој мавтал со пенисот пред неа, а тоа било во 1940 година, кога Ширли имала само 12 години. На таа возраст машката анатомија не ѝ била позната и таа изреагирала како дете со нервозно смеење, а тој ја избркал од својата канцеларија незадоволен од реакцијата. За нејзина среќа, таа веќе имала потпишан договор со МГМ.

Profimedia

Мерилин Монро беше добро запознаена со перверзните и изнудувачите во филмската индустрија. Во своите мемоари „Мојата приказна“ таа напиша: „Сите ги запознав. Сите беа ништожници и лажливци. Некои беа злобни и расипани, но тие истите беа главните во филмската индустрија. Затоа, седев со нив и ги слушав нивните лаги и неморални понуди. Во нивните очи можеше да се види Холивуд – преполн бордел, весело друштво подготвено да ве одвлече во кревет.

Profimedia

Џуди Гарланд во својата книга „Биди среќен: Животот на Џуди Гарланд“ напиша дека во нејзината рана младост во кревет сакале да ја одвлечат многу моќници од МГМ. Таа тогаш била на 16-годишна возраст и го живеела сето тоа сѐ до нејзината 20-годишна возраст. Џуди најмногу пишува за Луис Б. Мајер кој имал посебна тактика на заведување.

Мајер ќе ти кажеше колку прекрасно пееш, ќе речеше дека пееш од срце, а потоа ќе ти ја ставеше раката на твојата лева дојка и убаво ќе ја изнапипкаше. Тој тогаш имаше 50 години, а јас 16 години.

Филмскиот режисер Роман Полански се изјасни за виновен за сексуален напад и присилен сексуален однос кон Саманта Гајмер, тогаш 13-годишна актерка во подем. Целата работа се случила за време на фотосесија во Лос Анџелес, кога тој се обидел да ја опие со шампањ, а потоа да ја искористи.

Франсоа Дорлеац и Роман Полански/ Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот