Холанѓаните најавуваат сензација, Ван Гал се враќа од пензија и ќе седне на селекторското столче

EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Холандските медиуми најавуваат бомбастична информација, Луј Ван Гал може да се врати од пензија и да го наследи Франк де Бур.
Оваа вест иако звучи неверојатно, но не толку нереално бидејќи, нема шанса Холанѓаните да дозволат странец да седи на селекторското столче и да им ја предводи репрезентацијата.

Холанѓаните имаат проблем во тоа што нема доволно големо тренерско име кое е слободно за да го наследи Франк де Бур, кој пак по елиминацијата во осминафиналето на Евро 2020, не дочека да добие отказ и сам си поднесе оставка. Единствено име кое се споменува како можен селектор е актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг, кој пак засега нема намера да го напушти тимот со кој ја освои шампионската титула.
Исто така се споменуваше името и на Џовани ван Бронкхорст кој ја освои титулата со Феенорд во 2017 година, додека Роналд Куман и наредната сезона ќе седи на клупата на Барселона.
Поради тоа, холандските медиуми го фаворизираат Ван Гај кој на Мундијалот во 2014 година ги предводеше „лалињата“ до полуфиналето каде загубија од Аргентина по подобро изведување на пеналите. Потоа Холандија во натпреварот за третото место со 3:0 го совлада домаќинот Бразил.
Токму тоа е последниот голем резултат на холандскта репрезентација која на СП 2018 година во Рудија не се ни пласира, а сега потфрли и на Евро 2020.
Последен тренерски ангажман на Луј Ван Гал беше во Манчестер јунајтед и тоа од 2014 до 2016 година, по што наредната година одлучи да замине во пензија, но нема да биде изненадување доколку се врати и повторно седне на селекторското столче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот