Холанѓанката Хасан собори 23 години стар светски рекорд
Холанѓанката Сифан Хасан, која е родена во Етиопија во голем стил победи на митингот од Дијамантската лига во Монте Карло на трката на една милја. Таа триумфираше со време од 4:12.33 минути што претставува нов светски рекорд. Претходното најдобро време го држеше Русинката Светлана Мастеркова чие време изнесуваше 4:12.56 минути.
Второто место и припадна на Британката Лора Вајтмен која постави личен рекорд со 4:17.87 минути, а сите 12 натпреварувачки ги истрчаа своите најдобри времиња оваа година.
На спринтот на 100 метри победи ветеранот Џастин Гетлин од САД со време од 9.91 секунди, тој го победи за само една стотинка сонародникот Ноа Лајлс.
Кај дамите, на трката на 200 метри, Шуни Милер-Уибо од Бахами триумфура со време од 22.09 секунди, а на двојно подолгата патека, но кај мажите, славеше нејзиниот сонародник Стивен Гардниер со 44.51 секунди.