Холанѓанецот пред портите на „Камп Ноу“,Барселона се договори со Депај

epa08613259 Memphis Depay of Lyon reacts during the UEFA Champions League semi final match between Olympique Lyon and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 19 August 2020. EPA-EFE/Franck Fife / POOL

Шпанскиот тим ги договори личните услови со Мемфис Депај, одличниот напаѓач на Олимпик Лион.

Како што јавува италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Барселона експресно ја договори платата со холандскиот репрезентативец кој е желба на новиот тренер Роналд Куман и инсистираше токму на негов ангажман.


Депај влезе во последната година од договорот со францускиот тим и нема намера да потпишува нов договор со што ги стави челниците на Олимпик Лион пред свршен чин да го продадат ова лето и тоа на Барселона.

Новиот тренер на Барса инситира на негов ангажман бидејќи во Депај го гледа идеалниот наследник на Луис Суарез, тие двајца одлично соработуваа во холандската репрезентација кога Куман беше селектор.

До конечна реализација на трансферот останува Барселона да достави официјална понуда, а се шпекулира дека таа ќе изнесува околу 30 милиони евра.

Освен Депај, ова лето на „Камп Ноу“ се очекува да пристигне уште еден холандски репрезентавец Џорџино Вајналдум чии агенти се во завршни преговори со челнивите на Барселона, а трансферот би требало да се реализира како тој на Депај. Клубот прво ќе ги договори личните услови со фудбалерот, а потоа ќе испрати официјална понуда до Оллимпик Лион и Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот