Холандските власти означија почеток на крајот на кризата

Амстердам, Холандија/Фото: EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Во Холандија, со мало задоцнување во споредба со другите земји – членки на ЕУ, денеска започна процесот на вакцинација.

Медицинската сестра Сана Елкадири (39), која се грижи за лица со деменција во Дом за нега на стари, е првата личност која е вакцинирана против коронавирус во Холандија. Таа ја прими вакцината на „Фајзер/БиоНТек” и изјави дека воопшто не се двоумела дали да се вакцинира.

Холандскиот министер за здравство Хуго де Јонг по повод вакцинацијата рече дека „ова е почеток на крајот на кризата”.

Јавноста во Холандија реагираше минатиот викенд бидејќи земјата беше меѓу последните во ЕУ што одлучија да започнат вакцинирање, а премиерот Марк Руте рече дека вакцинацијата должи поради „логистички проблеми”.

– Главниот проблем беше што ја примивме вакцината порано отколку што очекувавме. Тоа беше различна вакцина од онаа што ја очекувавме, па затоа не беше можна флексибилност, рече премиерот Руте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот