Холандските пратеници на петти март ќе разговараат за проширувањето кон Западен Балкан

Холандските пратеници од комисијата за европски прашања на петти март ќе разговара за проширувањето кон западниот Балкан, информира холандскиот парламент.

Станува збор за „процедурална средба“ на парламентарната комисија за европски прашања на која пратеници ќе „одлучуваат за начинот на кој ќе се третираат” разни документи, вклучително и „владини ноти” за проширувањето на ЕУ и западниот Балкан. Но и за буџетот на ЕУ, работната програма на Европската Комисија, Брегзит и Конференцијата за иднината на Европа.

Позициите на холандскиот парламент за проширувањето ја обврзуваат владата потоа во Европската Унија. Минатата година, холандскиот парламент се изјасни против отворањето преговори со Албанија, но позитивно за Северна Македонија.

Пратениците ќе треба да ги разгледаат последните извештаи за напредокот во реформите на Скопје и Тирана како и предложената ревидирана методологија за пристапните преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот