Холандските болници полни, се испраќаат пациенти во Германија

Некои холандски болници ќе мора да испраќаат пациенти во Германија поради недостаток на капацитет во болниците.

Холандскиот болнички систем се соочува со зголемени предизвици поради приемот на нови пациенти со ковид-19 поради рекордното зголемување на заразените на дневна основа, а некои пациенти се очекува да бидат испратени во Германија, соопшти здружението на болницата.

Скоро половина од креветите во одделите за интензивна нега во земјата се исполнети со пациенти заразени со ковид-19, рече шефот на здружението ЛНАЗ, Ернст Кујперс.

Траума хеликоптер LifeLiner 5 заминува од воздухопловната база Волкел, Холандија, 19 октомври 2020 година. Хеликоптерот се користи за да се пренесат пациенти во Германија/ Фото: EPA-EFE / ROBIN VAN LONKHUIJSENEPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

-И, не гледаме крај на тоа. Бројот на пациенти во болниците ќе продолжи да расте барем до крајот на овој месец- рече тој пред новинарите.

Дневниот број на новоинфицирани во последните 24 часа изнесува 9.271, соопшти тамошниот Национален институт за јавно здравје.

Прочитајте и...  ВИДЕО + ФОТО I Инцидент во Берлин: Автомобил се заби во оградата на објектот на канцеларката Ангела Меркел

На 14 октомври, владата воведе делумни мерки за карантин со цел сузбивање на ширењето на вирусот, вклучително и затворање на сите кафулиња и ресторани во земјата.

Во германските болници се достапни 80 кревети за Холанѓаните во единиците за интензивна нега.

Поврзани вести

Расфрлени кондоми и 80 луѓе без маски: Полицајци упаднаа на забава во Њујорк, сфатија дека прекинале оргии

Слободен печат

ВИДЕО: Австралија во шок откако тинејџер беше онесвестен од обезбедување бидејќи не носел маска

СП.

Правеле хрватски пасоши за криминалци од Србија и Црна Гора, уапсени 11 лица

И.И.

Високиот претставник за БиХ: „Време е Дејтонскиот договор да се замени со нов устав.“

Слободен печат

Гази Баба има најмногу активни случаи на ковид-19 во Скопје, следат Аеродром, Кисела Вода и Карпош

Слободен печат

ООН: Израелските санкции ја доведоа Палестина на работ на сиромаштвото, штетата е проценета на 17 милијарди долари

Илинка Иљоска

Остави Коментар