ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР ГИ ПРЕДУПРЕДИ БРИТАНЦИТЕ: Нема да има нови преговори за Брегзит

Фото: EPA / Patrick Seeger

Холандскиот премиер Марк Руте предупреди дека ЕУ нема повторно да преговара за постигнатиот договор со Британија за нејзино излегување од  Унијата со новиот британски премиер.

„За договорот околу Брегзит нема повторно да се преговара“, рече Руте на конференцијата за новинари.

„Проблемот не е во Тереза Меј, туку во строгите услови кои ги постави Велика Британија за каков било договор“, нагласи Руте.

Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека на 7 јуни ќе поднесе оставка и изрази длабоко жалење што не успеала да го спроведе Брегзит.

Договорот околу излегувањето на Британија од ЕУ, кој Меј не го усогласи со лидерите на ЕУ, три пати беше отфрлен на гласање во британскиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот