Холандски мотоциклист е втора жртва на Релито Дакар

твитер

Холандскиот мотоциклист Едвин Стравер почина денеска од последците од повредата добиени на релито Дакар.

Несреќниот Холанѓанец е втората жртва на најпознатото рели, а тој почина како последица од повредите кои ги здоби за време на 11. етапа која се возеше на 16 јануари.

Тој имаше тежок инцидент по кој претрпе срцев удар, по што на лекарите им беа потребни десет минути да го оживеат пред да го пренесат во болница.

Деталните испитувања покажале дека тој се здобил и со фрактури на рбетот во пределот на вратот.


Досега во историјата на Релито Дакар дури 30 возачи го загубиле животот, а Стровер е втора жртва на овогодинешното издание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот