Холандската влада падна по скандалот што доведе до зголемување на невработеноста, банкрот и бројни разводи
Холандскиот премиер Марк Руте и неговите министри поднесоа оставки поради лошото управување со субвенциите за згрижување деца, што, според резултатите од парламентарната истрага, доведе илјадници семејства во финансиска пропаст, пренесе „Dutchnews“.
Во извештајот се наведува дека околу 10.000 семејства морале да вратат десетици илјади евра субвенции откако погрешно биле обвинети за измама, што довело до зголемување на невработеноста, банкрот или развод.
Притисокот врз владата за оставка се интензивираше оваа недела, бидејќи коалициските партнери рекоа дека е потребно посериозно да се разгледа опцијата, а лидерот на опозициската Лабуристичка партија поднесе оставка поради неговата улога во аферата.
Кабинетот на премиерот Марк Руте на два ума: Холандската Влада размислува за колективна оставка
Руте потврди дека му ја предал оставката на неговата влада на кралот Вилем-Александар.
Според холандската телевизија НОС, ова е првпат на овој крал да му се понуди оставка на премиерот.
Кабинетот на Руте втор пат поднесува оставка. Првиот пат тоа го стори во 2012 година. Тогаш на чело на државата беше кралицата Беатрикс.
Премиерот Руте на крајот на минатиот месец рече дека аферата, која трае скоро цела деценија е срамна.
Кризата изби само два месеци пред парламентарните избори на 17 март.