Холандската полиција УАПСИ маж осомничен за нападот со нож во Хаг

Холандска полиција/ Фото: Миа

Холандската полиција вечерва соопшти дека уапсила маж осомничен за вмешаност во вчерашниот напад со нож во Хаг во кој беа повредени три лица.

„Еден 35-годишен маж е уапсен во центарот на Хаг“, соопшти полицијата на Твитер, додавајќи дека лицето, чиј идентитет не се открива, немал постојан  престој.

Вкупно три лица беа повредени во напад со нож што се случи вчера во главната трговска улица во Хаг.

Нападот се случи на прометна улица каде што жителите на градот масовно купувале на попуст поради таканаречениот Црн петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот