Холандската Централна банка ја истражува сопствената улога во трговијата со робови

ДНБ, основана во 1814 година од холандскиот крал Вилхем Први, информира дека ќе преземе дополнителни чекори по ова прашање, откако ќе заврши истрагата.

Централната банка на Холандија (ДНБ) денеска соопшти дека ќе почне истрага за сопствената улога во трговијата со робје во 19 век.

Откако сличен потег повлече Банката на Англија, ДНБ информира дека ќе побара мислење од независни истражители за да донесе заклучок за улогата на таа банка во тогашното ропство.

„Истрагата ќе ја разгледува улогата на ДНБ како институција во првите години од своето постоење, како и на своите претседатели и членови на управа”, соопшти Банката..

ДНБ, основана во 1814 година од холандскиот крал Вилхем Први, информира дека ќе преземе дополнителни чекори по ова прашање, откако ќе заврши истрагата.

Холанѓаните играа голема улога во глобалната трговија со робови од 17 век до холандското укинување на ропството во 1863 година. Холандската западноиндиска компанија управуваше со бродови кои продале приближно половина милион робови во текот на 17 и 18 век.

Банката на Англија минатиот месец соопшти дека ќе ги отстрани сите портрети на поранешни гувернери или директори поврзани со трговијата со робови, кои се закачени на ѕидовите на оваа 325-годишната институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот