Холандска атлетичарка осудена на 8,5 години затвор за криумчарење 50 кг дрога

Фото: Принтскрин

Холандската олимписка атлетичарка Мадиеја Гафур (27) е осудена на осум и пол години затвор за шверц и продажба на дрога.

Таа беше уапсена во јуни годинава за време на рутинските проверки на германската граница и во таа пригода, пронајдени 50 килограми таблети екстази, два килограми кристал мета и 11.950 евра во готово во багажникот на нејзиниот автомобил, јави Би-Би-Си.

Гафур по изрекување на казната рече дека ќе се жали, додека Холандската атлетска асоцијација соопшти дека е шокирана од пресудата.

Атлетичарката за време на судењето се бранеше дека не знаеле што носи во автомобилот и дека мислеле носи лекови за допинг. За време на судењето, таа одби да каже кој ја дал дрогата со образложение дека се плаши за семејството и пријателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот