Холандија планира нови ограничувања за извозот на чипови во Кина

Чип илустрација/ Фото Donat Sorokin / TASS / Profimedia

Владата на Холандија соопшти дека планира нови ограничувања за извозот на опрема за производство на полупроводници за да ја заштити националната безбедност, придружувајќи се на напорите на САД за ограничување на извозот на чипови во Кина.

Најавата го означува првиот конкретен потег на Холанѓаните, кои ја контролираат основната технологија за производство на чипови, да усвојат правила што ги повика Вашингтон да ја ограничи кинеската индустрија за чипови и да го забави нејзиниот воен напредок. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека силно се противи на најавените ограничувања.

Во октомври, САД воведоа сеопфатни извозни ограничувања за пратките на американска опрема за производство на чипови во Кина, но за да бидат ефективни ограничувањата, мора да се согласат другите клучни добавувачи во Холандија и Јапонија, кои произведуваат клучна технологија за производство на чипови. Сојузничките земји го преговараа ова со месеци. Холандскиот министер за трговија Лиесје Шрајнемахер ја објави одлуката во писмо до парламентот, велејќи дека ограничувањата ќе бидат воведени пред летото.

Во писмото не е наведена Кина, клучен трговски партнер на Холандија, ниту „АСМЛ Холдинг“, најголемата европска технолошка компанија и главен снабдувач на производителите на полупроводници, но се очекува објавата да важи и за двете. „Бидејќи Холандија смета дека е неопходно поради национална безбедност да ја стави оваа технологија под контрола што е можно побрзо, владата ќе воведе национална контролна листа“, се вели во писмото.

АСМЛ како одговор соопшти дека очекува да мора да аплицира за лиценци за извоз на најнапредниот сегмент од своите машини „ДУВ“, но дека тоа нема да влијае на нејзините финансиски насоки за 2023 година.

АСМЛ никогаш не ги продале своите најнапредни „ЕУВ’ машини на клиентите во Кина, а најголемиот дел од продажбата на „ДУВ“ во Кина оди на релативно помалку напредни производители на чипови. Нејзините најголеми клиенти во Јужна Кореја, „Самсунг“ и „СК Хиникс“, имаат значителен производствен капацитет во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот