Холандија од септември ќе започне со нова вакцинација против ковид

Вакцинација против коронавирусот во Холандија
Вакцинација против коронавирусот во Холандија / Фото: EPA-EFE/RAMON VAN FLYMEN

Владата на Холандија денеска соопшти дека за време на есенската вакцинација против коронавирусот во септември, ќе можат да се пријават сите граѓани на возраст од 12 и повеќе години.

Холандското Министерство за здравство соопшти дека експертскиот советодавен одбор препорача новата рунда вакцинација „за да се зачува заштитата од тешка болест и смрт и да се зачува пристапот до здравствена нега”.

Бустер дозите ќе ја содржат новата вакцина, доколку се покаже дека обезбедува подобра заштита од новите мутации и доколку добие одобрение од Европската агенција за лекови.

Во Холандија завршува летниот бран на инфекција со коронавирусот, што доведе до зголемување на хоспитализациите, но не го преоптовари здравствениот систем.

Од почетокот на пандемијата, во земјата се потврдени повеќе од 22.000 смртни случаи од Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот