Холандија и Шпанија во битка за мундијалското злато

фото:твитер

Денеска се одиграа полуфиналните натпревари на женското сениорско Светско првенство што се одржува во Јапонија. В недела (15 декември) во Кумамото за златниот медал ќе играат Шпанија и Холандија од 12.30 часот по македонско време, а претходно за бронзата ќе се соочат Русија и Норвешка (09.30).

Во првата полуфинална битка Холандија минимално со резултат 33:32 (16:16) ја совлада селекцијата на Русија. За „лалињата“ најефикасна беше Полман со девет голови, два повеќе на спротивната страна имаше Вјахирева.

Втор финалист е селекцијата на Шпанија со 28:22 (13:13) триумфираше над репрезентацијата на Норвешка. Во победничките редови Барбоса Кабрал запиша седум, а Родригез Родригез шест погодоци. За Норвежанките доминираше Малин Оне со пет голови.

Холанѓанките по вторпат во својата историја ќе играат за златото, претходно во 2015. година загубија со 31:23 од Норвешка, а пред две години се закитија со бронзен медал во Хамбург.

Шпанските ракометарки за првпат ќе играат финале на Мундијалите, имаат една бронза од 2011 година кога со 24:18 ја совладаа Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот