Холандија и донира на Македонија тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија

Тестовите се очекува да пристигнат во државата во наредните неколку дена.

Холандија ќе даде поддршка за Северна Македонија преку набавка на тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија кои се развиени од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација.

Како што соопштија од Холандската амбасада, се очекува тестовите да пристигнат во државата во наредните неколку дена. Тестовите се базираат на технологијата позната како реверзно транскрипциона полимеразна верижна реакција (real time RT-PCR), во моментов најсензитивната метода за детектирање на вирусот.

Технологијата користена за овие тестови првично била воспоставена за потребите на ветеринарниот сектор заедно со Организацијата за храна и земјоделство, а потоа доразвиена и искористена во рамките на справувањето со епидемиите на ЗИКА и Ебола.

Вкупната холандска поддршка за тестовите за коронавирус од МААЕ кои ќе бидат дистрибуирани во Северна Македонија, Украина и Мароко изнесува 500.000 евра, наведуваат од Амбасадата на Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот