фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Холандија и Австрија ремизираа, Македонија ги одржува шансите за четвртфинале

Се одигра првиот натпревар од третото коло во групата 2 во главната фаза на Светското ракометно првенство, Холандија и Австрија одиграа реми 37:37.

Во текот на првото полувреме двете репрезентации се менуваа во водство, позитивата не одеше поголема од два голови, а на паузата Холанѓаните имаа предност од 19:17.

Нешто слично се случуваше и во вториот дел, повторно ниту една од селекциите немаа поголема предност од „плус два“, а на крајот немаше победник.

Во холандската селекција Стеинс беше најефикасен со седум погодоци, а на спротивната страна истиот учинок го имаа и Фримел и Вагнер.

Ваквиот епилог ја остава и натаму во игра Македонија за освојување на второто место во групата за пласман во четвртфиналето.

Сега следниот услов е репрезентацијата на Унгарија која е најголем кандидат да се најде на второто место да биде поразена од Катар на Веселин Вујовиќ која ги загуби шансите за понатаму. И доколку овој услов исто така биде исполнет, тогаш Македонија за да биде второпласирана мора да ја совлада Франција.

На табелата Французите се на врвот со осум бодови, пред Унгарија и Холандија со по шест, Македонија и Австрија имаат по четири, а Катар ниту еден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот