Холандија е вториот финалист во Лигата на нации (ВИДЕО)

twitter.com/uefaeuro

Во финалето „лалињата“ на 9 јуни во Порто ќе ги одмерат силите против Португалија која пак благодарение на Роналдо беше подобра од Швајцарија.

Еден возбудлив меч на стадионот „Алфонсо Енрикес“ во Гимараеш, најпрвин Англија поведе преку напаѓачот на Манчестер јунајтед, Решфорд во 32. минута од средбата.

Капитенот на Ајакс, Де Лихт израмни во 73. минута, младиот одбранбен фудбалер после изведениот корнер беше највисоко скокна и со глава ја испрати топката во мрежата зад грбот на Пикфорд.

На стартот од првото продолжение голема шанса пропушти Депај, но на одбиената топка налета Промес кој се погрижи за позитива на холандската селекција.

Сите дилеми ги реши Промес, иако најмногу помогна невнимателната одбрана на Англичаните и автоголот на Вокер, па на крајот се помирија со елиминацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот