Хокеар почина бранејќи девојка од насилник

Никита Воропаев, 27-годишниот хокеар на Авангард е последната жртва на насилниците. Младиот руски хокеар почина како последица од повредите здобиени по тепачка во кафуле откако претходно успеа да спаси девојка од малтретирање.

Инцидентот се случил на 13 јули во кафуле во Русија кога младиот хокеар видел како шест години помладо момче малтретира девојка. Никита се обидел да ја заштити девојката по што дошло до тепачка во која најтешко помина токму хокеарот на Авангард. Тој освен тупаниците, удрил и со главата во асфалтот.

Иако повреден, Никика Воропаев успеал да дојде до својот стан каде набрзо му се слошило. Кога заминал на преглед во болница, лекарите го вратиле назад бидејќи не биде извршени детални прегледи и сметале дека нема сериозни повреди.

Откако по втор пат му се влошила состојбата, лекарите го сместиле на интензивна нега, а прегледите покажале дека тој има фрактура на черепот и излив на крвта во мозокот и по неколку денови починал.

Напаѓачот е пронајден и е уапсен, а исто така е обвинет за нанесување на тешки телесни повреди со смртни последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот