Хофенхајм го растури Баерн, па сега загуби од Ајнтрахт (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд би можел следното лето да се пресели во ПСЖ/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Екипата на Хофенхајм кој во претходното коло во Бундеслигата го растури Баерн Минхен со 4:1, во третото коло е поразен од Ајнтрахт со 2:1.

Андреј Крамариќ уште еднаш потврди дека се наоѓа во фантастична форма и го донесе Хофенхајм во водство со голот во 18. минута. Но, во второто полувреме домашниот тим направи целосен пресврт благодарение на головите на Камада во 54. и Бас Дост во 71. минута.


Ерлинг Халанд продолжува да ги тресе мрежите во Бундеслигата, овој пат постигна два гола во победата од 4:0 на неговата Борусија Дортмунд над Фрајбург. Иако Халанд имаше можност да дојде и до хет-трик тој одлучи да му асистира на Паслак, додека четвртиот гол го постигна Емре Џан.


Резултати:
Борусија Д. – Фрајбург 4:0
Ајнтрахт – Хофенхајм 2:1
Келн – Борусија М. 1:3
Штутгарт – Баер Л. 1:1
Вердер – Арминија 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот