Хоџа: Што и да одлучи БЕСА, јас нема да бидам дел од ова владејачко мнозинство

Арјанит Хоџа - министер за земјоделие и шумарство / Фото: МИА

Генералниот секретар на Движењето БЕСА Аријанит Хоџа денеска изјави  дека ваквиот удар од ДУИ, алудирајќи на приговорот за Желино, доаѓа во момент кога Беса прави силен „камбек“ на политичката сцена. Хоџа му порача на Ахмети и да се подготвува за опозиција и дека БЕСА толерирала многу прашања во владината коалиција само за државата да остане посветена на евроинтеграциската иднина.

„Мојот став е јасен и чист, и да одлучи партијата дека треба да се продолжи со ова владејачко мнозинство јас како министер нема да бидам дел од тоа владејачко мнозинство. Колку и да велат дека ова е емотивна реакција, човек живее за принципи и не можам јас да се гледам со тие луѓе на маса кога се подготвени нож во грб да му забодат на коалициски партнер кој цела година буквално со сите неправилности стоел само заради големата слика. Очигледно, ДУИ не ги интересира големата слика туку повеќе другите работи како што е ова со Желино, да направат кризи и слично. Мислам дека е време пополека и тие да се подготват да менуваат“, вели Хоџа.

БЕСА деновиве ќе продолжи со разговорите околу можното останување или напуштање на владејачкото мнозинство, но генералниот секретар на партијата, Аријанит Хоџа, соопшти дека ќе се повлече од министерската функција без разлика дали БЕСА ќе остане во владејачкото мнозинство.

Како одговор на изјавата на Ахмети, Хоџа возврати дека тој треба да се подготви за опозиција.

„Тоа ќе го видиме, можеби Ахмети не се научил до сега бидејќи имал други политичари што ги нашол во владата за да може да раздвојува политички партии и слично. Еве ќе видиме дали е тоа така или не ама мислам дека Ахмети треба пополека да се подготви за опозиција“, смета Хоџа.

Хоџа: Нема да седиме на маса со оние кои ја нарушуваат волјата на граѓаните

Ахмети: Владејачката коалиција е против оставката на Заев

Министерот од БЕСА се закани со растурање на владата

 

Видео на денот