Хоџа: Нема да седиме на маса со оние кои ја нарушуваат волјата на граѓаните

Аријанит Хоџа / Фото: МИА

Генералниот секретар на Движењето БЕСА Аријанит Хоџа денеска изјави дека неговата партија нема да дозволи да седне на маса со оние кои ја нарушуваат волјата на граѓаните, не прецизирајќи дали ќе ја напуштат владата или не, но рече дека овие два дена ќе има консултации внатре во партијата за конкретна одлука.

-Движењето БЕСА континуирано се позиционираше како сериознa партија, дозволувајќи многу прашања за една цел, големата фотографија, интеграција на државата. Како што сте информирани, во Желино ќе има прегласување на избирачко место каде победи кандидатот за градоначалник од редовите на ДУИ. Ова ја надминува секоја демократска норма. Ќе продолжиме со консултациите за тоа како понатаму. Но, нема да дозволиме да бидеме на иста маса со луѓе кои сакаат да ја сменат волјата на граѓаните, рече Хоџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот