Министерот Ервин Хоџа со полициските генерали/Фото: Скриншот

Хоџа: Борбата против организираниот криминал и корупцијата останува предизвик за полицијата

Министерот за внатрешни работи на Албанија Ервин Хоџа на свеченоста по повод 112-годишнината од формирањето на албанската државна полиција ги наброја предизвиците и критиките со кои се уште се соочува полициската структура.

Хоџа рече дека главен приоритет е борбата против корупцијата и организираниот криминал како и безбедност на граѓаните на целата територија на државата.

„Пред структурите на државната полиција, денес има некои од најкритичните предизвици на нашето време: борбата против организираниот криминал и корупцијата, гаранција на јавната безбедност во секој агол на Албанија, вклучително и целосна контрола на територијата, зголемување на ефективноста во истрагата на случаи на семејно насилство, трговија или кривични дела кои ги сметаме за мали, но кои ги нарушуваат основните права на нашите граѓани. Подобрувањето на услугите за граѓаните е уште едно барање и должност за вас, обезбедувајќи секој граѓанин да се чувствува поддржан и заштитен кога има потреба од државната полиција “, рече Хоџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот